Тешката сообраќајка на патот Скопје- Тетово меѓу првите вести во регионот

20190214012925.jpg

Медиумите од регионот јавуваат за вчерашната тешка сообраќајка што се случи на патот Скопје – Тетово и во која, засега, според официјалните информации, има 15 загинати лица.

„Протекуваат детали за страшната несреќа во која загинаа најмалку 14 лица“, „При превртување на автобус во Македонија 14 мртви: Уште четири лица се борат за живот“, „Објавена причината за трагедијата во Македонија“, „Стравична несреќа во Македонија“, се само некои од насловите во печатените и електронските изданија на српските, хрватските и босанските медиуми.

-Многу е болно кога гледаш како човек на твои години се збогува од овој свет, барајќи помош: Потресни сведочења од автобусот на смртта кај Тетово“, пишува Телеграф.рс.

„Б92“, пренесувајќи ја МИА, јавува дека македонската Влада прогласи дводневна жалост поради тешката сообраќајка на патот Скопје – Тетово во која загинаа 14 лица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top