Струмица почнува да го живее ритамот на карневалот

fergerhrtshrt-212318.jpg

Од вечер градот под Царевите кули почнува да живее во ритамот на карневалот. Со карневалската забава и дружење на гостите од странство со преставници на карневалските групи од Струмица, која почнува во 18 часот и одржувањето на традиционалниот маскенбал во Хотелот „Сириус“ со почеток во 21 часот, на кој се избираат принц и принцеза на Струмичкиот карневал, официјално се означува почетокот на струмичката карневалска треска.

Токму маскенбалот е првиот барометар за понудата на маски и нивниот квалитет за главниот настан-Интернационалната карневалска вечер, која се одржува утре. На неа ќе продефилираат околу две илјади учесници распоредени во 47 групи од земјава и странство.

Почетокот на кулминацијата на струмичките карневалски празнувања е закажан во 18.30 часот кога низ улиците на Струмица ќе потече река од маски. Жири комисијата ќе ги оценува нивните креации, а за најдобрите во повеќе категории се предвидени парични награди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top