Посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Северна Македонија испраќа јасен сигнал – Алијансата е подготвена да и посака добредојде на земјава во евроатлатнското семејство.
Ова е пораката, што ја испрати Столтенберг во интервјуто за МИА, кое го даде неспоредно пред неговата посета на Скопје, каде ќе се одржи состанокот на амбасадорите на земјите членки на Алијансата.
Вели со нетрпение чека повторно да го посети Скопје и порача дека ратификацијата на претпристапниот протокол добро напредува. Во интервјуто за МИА Столтенберг говори и за можноста некои земји да не го ратификуваат протоколот, а според него членството на Северна Македонија во НАТО ќе придонесе за безбедноста на Западниот Балкан и на целиот евроатлантски регион.
На состанокот на Северноатлантскиот совет очекува да се говори за интеграцијата на земјава во НАТО, но и за напредокот на реформите, меѓу кои и тие во сферата на правосудството. Во интервјуто за МИА Столтенберг говори и за значењето на учеството на Северна Македонија на состаноците на Алијансата, но и за натамошниот развој на настаните во спорот меѓу Белград и Приштина.