Македонците во Албанија бараат институционална поддршка од македонските и албанските власти против асимилацијата која, како што велат, ја спроведува Бугарија врз македонското малцинство во оваа соседна држава. Претседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција и пратеник во Собранието на Република Албанија, Васил Стерјовски, вели дека притисоците се засилени пред пописот што во Албанија треба да се спроведе годинава, затоа што Бугарија сака да прикаже вештачко бугарско малцинство.
Стерјовски: Бугарија сака да прикаже вештачко бугарско малцинство во Албанија
