Стартува новата сезона: „Заратустра“ и Мелников во Филхармонија

Antoni_Wit1-105229072019.jpeg

Со концерт на кој ќе биде изведена култната музичка поема „Така зборуваше Заратустра“, антологиско дело на Рихард Штраус вечерва (20 часот) почнува новата концертна сезона на Филхармонијата насловена „Моја бесмртна љубов“. Во рамките на концертот насловен „Моќта на Заратустра“ ќе биде изведен и Концертот за пијано и оркестар број 1 од Л.В. Бетовен.

Како солист ќе настапи врвниот руски пијанист Александар Мелников, чија изведба како што оценуваат критичарите речиси секогаш е проткаена со акутен, предизвикувачки и речиси саркастичен хумор. Тој настапува како солист со врвни светски оркестри и диригенти.

Пред македонската публика Мелников ќе се претстави со изведба на Бетовениот Концерт за пијано и оркестар број 1, едно од раните дела на композиторот во кое може да се почувствуваат никулци на музичката револуција која ќе ја иницираат неговите подоцнежни дела. Со оркестарот ќе диригира Антони Вит, еден од највлијателните полски диригенти, добитник на наградата „Херберт вон Карајан“ во 1971 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top