Средба на амбасадорот Боцевски со македонската дијаспора во Рио Гранде до Сул

.jpg

Во рамки на официјалнаta посета на сојузната држава Рио Гранде до Сул, Бразил, македонскиот амбасадор Ивица Боцевски имаше средба со ректорот на федералниот Универзитет на Рио Гранде до Сул, професорот Руи Винсенте Оперман.

На средбата беше присутен и астрофизичарот Димитар Хаџимишев, професор на универзитетот, истакнат член на македонската заедница во Бразил.

Toj e син на Коста Хаџимишев, еден од најпознатите дејци на македонската дијаспора во Бразил и, во младоста, еден од највидните членови на групата поврзана со „Струмичката петорка”.

И во Бразил, како и во целиот свет, Македонците од дијаспората се гордост за татковината и најсилно оружје за нашата дипломатија, се вели во соопштението на македонската амбасада.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top