Србија најави отворање на Коридорот 10 до крајот на месецот

56906C55-3FB7-4DE1-8952-18BDAAF3BA4A_cx0_cy3_cw0_w1023_r1_s.jpg

Српската министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ изјави денеска дека Грделичката клисура е целосно совладана, јужниот крак на Коридорот 10 кон Северна Македонија и Грција е целосно завршен и во зависност од временските услови во следните десет дена ќе биде официјално отворен за сообраќај.

Таа најави и свечена церемонија со која ќе се одбележи отворањето на автопатот. Србија преку Коридорот 10 ќе биде целосно поврзана со 600 километри долг автопат од границата на Северна Македонија до границата со Унгарија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top