Со правото и со економијата ќе започнуваат и ќе завршуваат преговорите

makron.jpg

BRUSSELS, BELGIUM - JUNE 22: French President Emmanuel Macron arrives for his first summit since winning the Presidency, at the EU Council headquarters ahead of a European Council meeting on June 22, 2017 in Brussels, Belgium. In the first European summit since she lost her Commons majority in the general election, British Prime Minister Theresa May will outline her plans for the issue of expats' rights after Brexit. (Photo by Leon Neal/Getty Images)

Во контекст на актуелните случувања, „Дојче веле“ и „Фајненшл тајмс“, речиси симултано, вчера објавија информации дека имале ексклузивен увид на документот на ЕУ поврзан со новата методологија за проширување на Унијата.
Имено, според нивните пишувањата, предлогот за нова преговарачката методологија на ЕУ предвидува поделба на процесот во тематски групи и право на земјите-членки да ги блокираат преговорите со кандидатите.

– Државите-кандидати за членство во ЕУ во иднина ќе преговараат за членство преку шест кластери во кои ќе бидат распоредени досегашните 32 поглавја. Ветувајќи покредибилен и подинамичен процес, во верзијата на документот што сѐ уште не е конечен, Европската комисија најавува дека со новата агенда ќе ја поддржи трансформацијата на земјите од Западен Балкан во функционални пазарни економии, кои ќе можат целосно да се интегрираат во заедничкиот ЕУ-пазар, ќе отвори нови работни места и можности, ќе ги подобри бизнис и инвестициската клима, ќе му даде особено значење на владеењето на правото и ќе го запре одливот на мозоци од регионот – пишува „Дојче веле“.

Според германскиот медиум, клучен фокус во идните преговори со ЕУ ќе биде ставен на фундаменталните реформи: владеење на правото, функционирање на демократските институции и засилена контрола на економската реформска програма.
– Со нив ќе започнуваат и ќе завршуваат преговорите – пишува „Дојче веле“.
Медиумот се осврнува и на сите преговарачки кластери вклучени во новата методологија, кои се однесуваат на правосудството, внатрешниот пазар, конкурентноста и инклузивниот раст, зелената агенда и одржливата поврзаност, ресурсите, земјоделството и кохезијата итн. Последниот кластер е посветен на надворешните односи и тука ќе се скенираат надворешните релации и безбедносната и одбранбена политика.

Од друга страна, лондонскиот весник „Фајненшл тајмс“, во своето последно издание, посочува дека планот на ЕК предвидува дека темпото на преговорите ќе зависи од спроведувањето на реформите во земјите-кандидати, при што во екстремен случај процесот може да биде ставен во мирување или суспендиран.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top