Со колку пари го наполнија државниот буџет најкрупните компании во Македонија

20190417004646.jpg

Најкрупните 300 компании кои се „муштерии“ во Дирекцијата за големи даночни обврзници на Управата за јавни приходи во 2018 година го наполниле државниот буџет со 900 милиони евра, плаќајки ги сите фискални давачки.

Нивното учество од се што УЈП успеала да наплати минатата година е со 37 отсто од структурата. Инаку Дирекцијата за големи даночни обврзници администрира со најголемите компании во Македонија, сите банки и осигурителни друштва, најголемите приредувачи на игри на среќа и странските инвеститори.

Во 2018 година, Управата за јавни приходи севкупно наплатила вкупно 2,5 милијарди евра даноци и социјални придонеси од плата, што претставува 0,72% повеќе од планираните износи. Овие пари учествуваат со 67,4 отсто во Буџетот на Македонија.

Големите компании добиваат третман на големи даночни обврзници откако УЈП ќе направи анализа на нивните финансиските параметри како: излезен промет, остварен приход, број на вработени, поднесување на даночни пријави.

Овие крупни играчи може да го загубат статусот на големи даночни обврзници, односно од ДГДО да преминат во надлежност во соодветните Регионалните дирекции на УЈП кои ги администрираат малите и средните фирми.

УЈП со овие обврзници гради посебни односи на меѓусебна соработка и даночна усогласеност. преку понепосреден контакт со даночната администрација и услугите на ДГДО..

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top