Советот за македонски јазик: Македонците секогаш зборувале и ќе зборуваат на македонски јазик

azbuka-696x1010.jpg

Советот за македонски јазик се придружува кон реакциите на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и на Институтот за македонска литература во однос на ставот на Бугарската академија на науките во врска со македонскиот јазик.

-Постоењето на македонскиот јазик со свој посебен дијалектен систем и со своја историја е апсолвирано прашање во светски рамки уште одамна и секој став што го негира овој непобитен факт го сметаме за свесна провокација, нагласува Советот.

Неочекувано е и неприфатливо ваква реакција, велат од Советот, да дојде од страна на една академско-научна институција од држава членка на Европската Унија.

-Познато е дека се одржани многу конференции посветени на македонскиот јазик, литература, историја и култура на кои присуствувале еминентни професори и научници од целиот свет чии истражувања не соодветствуваат на ставовите на Бугарската академија на науките. Македонците секогаш зборувале и ќе зборуваат на македонски јазик!, стои во реакцијата на Советот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top