Сменети таблите на граничните премини

tabli-severna-makedonija.jpg

Од границата со Грција почна преименувањето на Македонија. Од денеска на влезот во државата пишува добредојдовте во Република Северна Македонија. Претпладнево беше сменет натписот на првата табла веднаш по граничниот камен, а малку подоцна, екипите на царина, ја сменија и помалата , додека на таблата Добредојдовте, остана покриено името Република Македонија.

Промената на таблите со новото уставно име на ГП Богордица е првиот чекор што ја презеде македонската влада во исполнување на оврските од договорот со Грција. Во наредните три дена Царината треба да ги промени таблите и на другите гранични премини со другите соседи.

По граничниот премин „Богородица“, табли со новото име поставени се на „Табановце“ и „Меџитлија“. Најдоцна за три дена треба да бидат сменети на сите гранични премини.

Од Владата велат дека при поставување на таблите ќе се води сметка и за Законот за употреба на јазиците. Но, албанскиот јазик ќе се употребува само на граничните премини во општините каде што овој јазик е службен.

-Правилато е јасно. Граничните премини кои што гравитираат во оние општини, каде што покрај македонскиот, се користи и друг службен јазик, како што е на пример попрецизно Тетово-Јажинце, таму ќе биде тројазично, ќе бидат на истите јазици кои што се користат во рамките на локалните самоуправи. Да, во право сте, албанскиот јазик е на територија на цела држава, но во рамките на Законот за јазици има специфичен член, мислам дека е член 16, кој што го утврдува исклучиво ова, односно граничните премини – вели Бошњаковски.

Менувањетио на граничната табла предизвика големо внимание и кај грчките медиуми. Христо Николаидис од Радио Тесалоники, смета дека мнозинството од грчкиот народ не чувствува суштинска промена во однос на прашањето з аимето.

-За мнозинството граѓани, ништо сериозно и реално не е сменето тука. Кај мнозинството од грчкиот народ преовладува мислење дека нема голема разлика промената на името Република Македонија во Република Северна Македонија. Тие воопшто не сакаат да го видат името Македонија во име на друга држава – вли Николаидис.

Меѓуресорската работна група утврдила прецизни рокови кои проеизлегуваат од Конечната спогодба и Уставните амандмани. Промената на сите табли на централно и локално ниво треба да заврши во рок од 4 месеци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top