Се обновува конакот на Лешочкиот манастир

manastirski-kompleks-sv.-atanasi-247593.jpg

Почнаа да се прават заштитно-конзерваторските работи за ревитализација на стариот конак и црквата „Пресвета Богородица“ од 14 век кои се во рамки на манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ во тетовски Лешок. Работите се изведуваат во рамки на реализација на годишната програма на Националниот конзерваторски центар.

– Во првата етапа од ревитализацијата на конакот се работи на отстранување на стариот и дотраен градежен материјал. Во втората фаза ќе се поставува плоча и цигли. Кај црквата „Пресвета Богородица“ поставен е привремен покрив, со цел да се зашити храмот од неповолните временски услови. Ќе следува целосно менување на покривот, дренажа на подводните води и реставрација на фрескоживописот, соопштија од манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“.

Денеска увид во работите извршија Митрополитот тетовско гостиварски г. Јосиф заедно со директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top