Се зголемува прагот за ДДВ обврзник

.png

Прагот за ДДВ обврзник ќе се зголеми од еден милион денари на два милиони денари. Ова ќе биде уредено со измените во Законот за данок на додадена вредност, кои ги прави Министерството за финансии.

„Сеопфатната анализа на Министерството за финансии покажа дека наплатата на ДДВ од даночни обврзници со промет до два милиони денари е само околу 8,7 милиони евра, додека даночната администрација троши повеќе време за ДДВ обврзници кои придонесуваат со два проценти во вкупната наплата на ДДВ, отколку на оние кои придонесуваат со 73 проценти. Исто така, со ова Владата ќе им даде поддршка на малите и средните компании да растат и да се развиваат“, велат од Министерството за финансии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top