Семејството на Стефановски собира средства за изработка на неговата скулптура што ќе го краси Дебар Маало

.jpg

„Ги замолувам сите оние кои би сакале да се оствари идејата за клупа со Горан Стефановски во Дебар Маало да кликнат на овој линк, да видат за што се работи, да донираат ако се во можност и, најважно, да го препратат линкот… ‘Сите по малку = многу’ е муабетот…“.

Ова на Фејсбук го напиша неговиот син Игор споделувајќи ја онлајн кампањата на платформата „crowdfunder.co.uk

„Бронзена скулптура е нарачана да се направи за да се постави покрај дрвото засадено во негова чест во Дебар Маало. Се состои од клупа, статуа од Горан седнат на клупата и простор за некој да седне до него и да ужива во неговото друштво“, стои во описот на кампањата.

Кампањата има за цел да обезбеди 15 000 фунти, а досега се собрани над 4000.

По смртта на Стефановски во ноември, Општина Центар најави дека во неговата чест ќе се постави скулптура која ќе биде поставена во неговото омилено место во Скопје. Донациите, појаснува синот на Стефановски, ќе бидат за изработка на макетата во Англија, за што фамилијата се обврзала да ги покрие трошоците, а за се друго што ќе се направи во Скопје е во одговорност на Општина Центар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top