СДСМ е против предвремени избори, подготвени се да го завршат мандатот

mkd-428286.jpg

СДСМ е против предвремени избори, брифираат високи претставници од партијата и додаваат дека се подготвени до крај да го завршат мандатот. До тогаш, како што нагласуваат од владејачката партија, треба да им се даде шанса на економските мерки што се преземаат, за да им се даде време и да се почувствуваат резултатите.

„Минималната плата да биде 16.000 денари, да се завршат интегративните процеси на ЕУ и НАТО. Мора да им дадеме шанса на економските мерки што се преземаат за да има време да се видат и да се почувствуваат резултатите. Треба да се зацврсти и правната држава и да зајакне борбата против криминалот“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека според нивните истражувања, кога и денес би се одржале избори, тие би победиле.

„Ребалансот на буџетот веќе е договорен и тоа ќе значи развој и пораст. Се спроведуваат посебни мерки за вработување на младите и нивно останување тука. По НАТО самитот во Лондон во декември сме подготвени да разговараме за избори, но нашиот став останува октомври 2020 година“, велат високи партиски извори.

Во врска со законот за Јавното обвинителство, од владејачката парија се оптимисти дека тој ќе се донесе, и дека во меѓувреме ќе се донесат и законот за попис и изборниот законик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top