Светскиот виолинист Дејвид Герет доаѓа во Скопје : Кросовер хитови од Моцарт до Металика

dejvid-geret-na-696x392.jpg

Кросовер ѕвездата од Германија, Дејвид Герет (38) -(по мајка Американец) за прв пат со својата кросовер програма доаѓа и во Македонија- со спектакуларен концерт на 25 септември, во ВИП арената, во организација на „Прагма продукција“.

Герет, со неговиот албум “UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE, е на нова светска турнеја за заедно со своите фанови да ја прослави 10 годишнина од неговите кросовер изведби. “Неограничено“ не е само наслов на турнејата: тоа е неговата лична филозофија во животот. Со својата страст за музика успеа не само да создаде сосема нова публика за кросовер, туку и за класична музика. Неговите изведби на рок хитови како што се “Purple Rain” или “Smells Like Teen Spirit”, неговите верзии на песни како ” Nothing Else Matters ” и “November Rain” , новиот спин на светски познатите поп хитови како “Viva la vida “или” Hey Jude “, како и неговите аранжмани на класични песни како што се Beethoven’s “5th” или ” Clair de Lune ” , ја креваат целата публика на нозе.

Продажбата на билети е во тек, преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com.

Герет, со неговата турнејата “EXPLOSIVE LIVE”, продаде повеќе од 400.000 билети во 20 земји. Паганини меѓу поп-ѕвездите и Џими Хендрикс меѓу виолинистите, Дејвид е “ѓаволски виолинист” од нашата ера, меѓународна суперѕвезда која ги заматува линиите меѓу Моцарт и Металика. Заслужен за развој на модерниот кросовер тренд, со неговото исклучително виртуознo свирење, тој е подеднакво свој како во изведбата на најсложените класични композиции со водечките светски диригенти и оркестри, така и во изведба на најпознатите рок хитови.

Обожуван од милиони обожаватели низ целиот свет, досега има продадено милиони билети и добиено 24 златни и 16 платинести награди во најразлични земји како што се Хонг Конг, Германија, Мексико, Тајван, Бразил, Сингапур и многу други. Со својата харизма на рок-ѕвезда и вродена виртуозност тоа е еден од најдобрите инструменталисти на нашето време.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top