„Светот на Биби“ претставен на „Кидскрин самит“ во САД

20190215-netfliks-drimvorks-kartun-netvork-se-zapoznaa-so-bibi-1.jpg

Проектот „Светот на Биби“ беше промовиран на „Кидскрин самит“, најголемиот настан посветен на детската забавна индустрија во САД, а се одржа во Мајами, Флорида, што се одржа од 11 до 14 февруари. За промоцијата на „Светот на Биби“ се погрижи Сарита Кастиљо, извршен директор на „Линкс студио“, најголемото студио за 2Д-анимации во регионот.

Ми беше огромно задоволство во светот на менаџерите на најголемите ТВ и филмски компании кои се обраќаат на детската публика, да ја претставатам Биби и нејзиниот свет. Реакциите се одушевувачки и се надевам дека ќе ѝ отвориме голема врата на Биби пред поширока публика. Реализирав средби со претставници на многу компании, меѓу кои: „Нетфликс“, „Дримворкс“, „Картун нетворк“, „Сони“, „Мател“ и други, вели Kастиљо.

Покрај „Светот на Биби“, Кастиљо го претстави и „Јон Вардар и галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски, првиот македонски долгометражен анимиран филм, кој се очекува да биде готов за две години.

Најголемото 2Д-студио за анимации во регионот – „Линкс студио“ стана партнер на „Еф-Три“ во меѓународната промоција на проектот „Светот на Биби“. Приказната за Биби и Боби ќе добие можност да ги напушти границите на нашата земја и да биде презентирана на саеми наменети за производи со детска видеосодржина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top