Сашо Тасевски повикан во Ватикан пред посетата на Папата Франциск

20190417232302.jpg

Сашо Тасевски, директорот на Бирото за јавна безбедност, инаку познат по големата пожртвуваност за да го заштити премиерот Зоран Заев и останатите пратеници во Собранието на 27 април, е поканет во Ватикан.

Денеска заедно со делегација од МВР е примен од Папата Франциск. Посетата е во рамките на безбедносните подготовки кои ќе се изведуваат по повод посетата на Скопје од страна на поглаварот на Римокатоличката црква на 7 мај.

Делегацијата оствари средба и со. Доменико Џиани, раководител на Дирекцијата за безбедност и цивилна заштита на Ватикан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top