Самоглас – прва платформа со аудио книги на македонски јазик

.png

Со желба за промоција на културолошкиот и едукативниот раст во државата, „Самоглас“ е првата платформа за пласирање на аудио книги на македонски јазик. Во соработка со издавачката куќа „Херои“, поддржана од „Икона“, на неа веќе може да се слушаат неколку книги на македонски јазик меѓу кои „Малиот принц“, „Ромео и Јулија“, „Животинска фарма“ и „Дневникот на Ана Франк“, а активно се работи на дополнување со содржини.

Платформата претставува веб апликација за пристап до аудиотеката (аудио библиотека) која е нов модел за претставување на литературни содржини на македонски јазик.

Зад идејата на „Самоглас“ се Христијан Поп-Симонов, Ангела Стојановска и Васко Костовски од Здружението за афирмација на уметноста „Флуктус“ чиј проект е поддржан од Министерството за култура. Сите тројца се млади актери, дипломирани на Факултетот за драмски уметности – Скопје, и покрај реализацијата на самата платформа, тие и ги позајмуваат гласовите за читање на книгите.

Моментално, „Самоглас“ е достапен само преку својата веб верзија, но од тимот велат дека напорно се залагаат за изработка на апликација за мобилни уреди.

„Самоглас“, може да се следат и на нивните официјални профили на социјалните мрежи Facebook и Инстаграм.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top