Рисима Рисимкин дел од интеранционалното жири на унивезитетот „Антон Брукнер“ во Линц

risima-risimkin.jpg

Кореографката Рисима Рисимкин, која е редовен професор на Катедрата за танц на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип деновивe ќе престојува во Линц, Австрија, каде што на универзитетот „Антон Брукнер“ ќе одржи предавања за кореографија и воедно ќе е дел од интернационалното жири за конкурсот за млади кореографи, кое универзитетот го организира

„Антон Брукнер“ универзитетот од Линц е дел од неформалната мрежа на европски универзитети и академии за танц, во кој е вклучен и Универзитетот „Гоце Делчев“ и кои заеднички го организираат фестивалот „Share“ кој во 2018 година се одржа во рамките на фестивалот Танц Фест, а домаќин беше универзитетот „Гоце Делчев“ и Катедрата за современ танц при овој универзитет.Преку сто млади уметници од Европа беа гости на фестивалот и Универзитетот и споедлија одлични искуства. Универзитетот „Гоце Делчев“ активно работи на интернационализација на уметничките програми и во моментов е единствен универзитет кај нас, на кој можат да се образуваат младите во областа на совремeниот танц, како современи танчери во делот на уметничкиот танц. Рисимкин, покрај предавањата кои ќе ги одржи со студентите на магистерскисте студии при овој универзитет ќе договори и понатамошни соработки со универзитетот „Антон Брукнер“, како размена на професори и студенти и заеднички продукции и презентации на двата универзитета.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top