Република Собраниска делегација на сесија на ПС на СЕ во Стразбур

57fe6dc58158d-13859881-rezolyuciya-pase-po-ukraine-osvobodit-v_1200-1-640x428.jpg

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, предводена од шефот на делегацијата Бетиане Китев, а во чиј состав се и пратениците Шпреса Хадри и Антонијо Милошоски, ќе учествуваат на Вториот дел од редовната сесија на ПС на СЕ што се оддржува од 8 до 12 април во Стразбур, Република Франција.

Се очекува на сесијата да се обратат премиерите на Ерменија и Грузија. Собранието ќе има заедничка дебата за запирање на говорот и делата на омраза во спортот, за улогата на политичарите во борбата против говорот на омразата како и за зајакнување на соработката со ОН и имплементација на Одржливите развојни цели.

Има и барање за итна дебата во однос на буџетската криза на Советот на Европа.

Ќе се дискутира и за промовирање на парламентите слободни од сексизам и сексуално вознемирување, импликациите врз човековите права од социјалните медиуми и друго.

Собранието, исто така, ќе дебатира за т.н. „Ландромати“ и новите предизвици во борбата против организираниот криминал и перењето на пари и ќе заземе став во врска со креирање на нов механизам за демократија, владеењето на правото и основните човекови права.

Комисионерот за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, ќе го презентира нејзиниот годишен извештај на активности за 2018 година и ќе одговори на поставени прашања. Ќе има и вообичаена размена на мислења и ставови со сегашниот претседател на Комитетот на министри на СЕ, финскиот министер за надворешни работи, Тимо Соини и време за прашања со генералниот секретар на СЕ, Торбјорн Јагланд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top