Расмусен: Прашањето е решено, земјата ќе влезе во НАТО

Rasmusen-Cipras.jpg

Во јуни или најдоцна на почетокот на есента ќе треба да разговараме за да ги обезбедиме европските аспекти за земјите како што е Северна Македонија, порача премиерот на Данска, Ларс Локе Расмусен по средбата во Атина, со неговиот грчки колега Алексис Ципрас и истакна дека посетата на грчкиот премиер на Скопје докажува дека двете земји имаат заедничка стратешка визија.

Двајцата премиери, освен за билатералните односи, за миграцискиот проблем и за Брегзит, разговараа и за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како и за Договорот од Преспа.

-Ја користам оваа можност да му се заблагодарам на грчкиот премиер за значајните напори вложени за да се реши долгогодишниот спор со Северна Македонија. Прашањето е решено земјата ќе влезе во НАТО. Говориме за историски напор, а Вашата неодамнешна посета на Скопје, главниот град на Северна Македонија, потврдува дека двете земји имаат заедничка стратешка визија. Ова, придонесе за стабилноста во регионот, рече Расмусен.

Тој му честиташе на Ципрас за „политичката храброст што ја покажа во ова прашање“ и се осврна на европската перспектива на Северна Македонија.

-Се согласувам дека во јуни или најдоцна на почетокот на есента ќе треба да разговараме за да видиме како можеме да ги обезбедиме европските аспекти за земјите како што е Северна Македонија, токму за да ги собереме плодовите од она што го сторивте, порача данскиот премиер.

Алекис Ципрас на средбата, го известил Ларс Локе Расмусен за грчките иницијативи за соработка на север и на југ.

-Трилатералните соработки со Кипар, Израел, Египет, Јордан и Палестина, но и на нашиот север со Бугарија, Романија, Србија, а неодамна, по многу позитивниот чекор, историскиот Договор од Преспа и со нашиот северен сосед, Северна Македонија. Во овие рамки разговаравме за европската перспектива на Западен Балкан, рече грчкиот премиер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top