Пругата Скопје – Софија ќе биде завршена до 2026 година

20.2.zeleznici-strajk.jpg

Македонија и Бугарија мора да работат симетрично за железнички да се поврзат, вели бугарскиот министер за транспорт. Но, на Бугарија и фалат само 2 и пол километри до граница, а нам шеесетина километри. Остатокот од пругата до Софија ќе се модернизира. Македонија досега има изградено само дваесетина километри. Во моментов се гради само до Бељаковце, се тендерира втората траса, а за третата допрва ќе се бараат пари. Според проекциите, од Скопје до Софија со воз ќе може да се патува во 2026 година.

Според најавите, ќе се воведуваат и авиолинии Скопје-Софија и Охрид-Варна. Прво во текот на туристичката сезона, а потоа и трајно.

Бугарија е петти трговски парнер на државава. Лани извозот бил 305, а увозот 329 милиони евра. Министерот Бектеши смета дека трговската размена ќе се зголеми за над 10 проценти по првата седница на меѓувладината комисија за економски работи.

На состанокот не се разговарало за укинување на царините меѓу двете земји. За тоа ќе треба да пресечат двајцата премиери. Освен поврзувањето и трговската размена, двете земји ќе соработуваат и за поддршка на претприемачите, енергетиката и туризмот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top