Процесот на реконструкција на владата е почнат, треба да заврши за две недели

vlada-4-1.jpg

Како што најави премиерот, тој веќе ги има имињата на новите министри и функционери за реконструираниот владин кабинет.

Истотака вчера Заев изјави дека разрешувањето на Беља не го разнишало партнерството меѓу СДСМ и ДУИ, додавајќи дека меѓусебната доверба со Ахмети е многу голема.

Прв во реконструкцијата беше опфатен екс министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој сега ќе биде Генерален секретар на СДСМ.

Неофицијално, имињата за кои најмногу се зборува дека ќе се сменат се министерот за животна средина, Садула Дураку, министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и министерката за правда, Рената Дескоска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top