Промоцијата на книгата „Воздигање над облаци“ на проф. д-р Ѓорѓи Филипов

52406582_387411192050217_2563034382566686720_o.jpg

Денес (12 ч.), во Кино Култура, ќе биде промовирана книгата „Воздигање над облаци“ на проф. д-р Ѓорѓи Филипов. Книгата ќе ја промовира писателот Милован Стефановски, поранешен претседател на Друштвото на писатели на Македонија.
Во предговорот на оваа книга, Стефановски вели „…неговото авторско писмо едноставно дише со неодминливата потреба за постојана устременост кон возвишени цели.“
Книгата претставува збир на вкупно 163 засебни текстови објавувани во периодот меѓу 2017 и 2019 година, овој пат собрани со заеднички поднаслов како есеи, цртици и патописи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top