Промовирана книгата „Монетоковањето во Античка Македонија“

Monetokovanje.jpeg

Бизнисмен Доне Таневски, ја промовираше книгата „Монетоковањето во Античка Македонија“ на која работел повеќе од десет години. Станува збор за обемно дело од 517 страници во кое е претставен периодот од шестиот век пред наша ера сѐ до римската доминација на територијата на Македонија. Делото е специфично по тоа што е базирано на повеќе од 160 библиографски извори од еминентни автори од целиот свет, меѓу кои најголем дел за првпат се користат во една научна книга во Македонија.

Според уредникот на книгата, професорката Наде Проева, авторот дава не само основни податоци, туку и преглед на најновите сознанија во нумизматичката наука, корисни дури и за професионални нумизматичари.

– Со едноставни зборови авторот успеал да прикаже доста тешка но истовремено
и мошне интересна материја и да и ја доближи на широката публика. Следствено на тоа, книгата претставува вистински прирачник за македонското монетоковање, со што се пополнува еден голем недостиг од стручна литература во оваа област – вели професорката Проева.

Со ставот на Проева се сложија и двајцата промотори на книгата, Милица Шелдарова и Перо Јосифовски, кои како признаније на огромниот вложен труд, Таневски го ословија со свој колега.

Покрај обемната анализа на монетоковањето за дури 26 владетели на територијата на Македонија, во книгата може да се најдат и нумизматички и аукциски каталози на монети испечатени во висока резолуција како и тежински стандарди користени од македонските кралеви.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top