Уметничкиот проект „Оваа зграда зборува (на)вистина“ е добитник на наградата Златна Трига на овогодинешното Прашко квадриенале. Проектот на авторот Филип Јовановски зборува за Железничката зграда во Скопје и идејата зад заедничкото, солидарно живеење презентирано во станбениот блок, а наградата ја доби за најдобра егзибиција и сценографија на овогодинешното квадриенале од повеќечленото жири составено од уметници од целиот свет.
Проектот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ ја доби наградата „Златна трига“ на Прашко квадриенале
