Прличеви беседи во Сиднеј

prlicevi-besedi-1.jpg

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј на 8 февруари ги одржа традиционални Прличеви Беседи.

Со рецитирање на извадоци од поемата „Сердарот“ се отворија Беседите и присутните се присетија на венценосецот Прличев кој иако поткупуван, клеветен и омаловажуван не им подлегна на Атињаните, не си го продаде својот македонски јазик ниту својата душа – тој остана во Македонија да го предава по училиштата, припрема граматика и преведува на мајчиниот македонски јазик.

На Беседата присуствуваше долгогодишниот дописен член на Друштвото, поетесата Лилјана Стоилковска Андовска од Шведска која се престави со посветената песна на Прличев и Македонија, „По Беседата Прличева“.

Исто така поетите Иван Трпоски, Марија Александрова, Ванчо Саиловски, Перо Дамчевски – Коцин, Цане Ѓуровски и Душан Ристевски настапија со своја поезија посветена на Македонија.
Д.Р.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top