Претствата „Тоби“ со две награди на куленото биенале во Бугојно

-7-696x464.jpg

Театарот за деца и младинци ја започна новата театарска сеозна со неколку награди. Во периодот помеѓу 11 до 14 септември годинава ТДМ учествуваше на куклено биенале во Бугојно, со претставата „Тоби“, во режија на Драгослав Тодоровиќ.

Ансамблот на ТДМ се врати дома со неколку награди.

„Тоби“ ја доби наградата за најдобра анимација на кукли, како наградата за одлична актерска игра на целиот колектив од претставата и за нивната компатибилност и синхронизираност.

За потсетување претставата „Тоби“ на минатогодишното издание на фестивалот „7-ми меѓународен фестивал за кукларство“ во Подгорица освои пет награди и тоа, гран при за најдобра претстава, награда за најдобра режија за Драгослав Тодоровиќ, награда за актерско мајсторство за Марија Ѓорѓијовска, награда за најдобро техничко-естетско решение на кукли за Ирина Сомборац, награда за најдобра претстава од детството жири на фестивалот.
Претставата „Тоби“ ќе се игра на редовниот репертоар на ТДМ на 21 септември од 19:00 часот.

(Независен весник)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top