Претседателот на Државниот збор на Република Словенија Дејан Жидан денеска и утре ќе биде во посета на Република Македонија.
Жидан денеска ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, а утре ќе се обрати пред пратениците и ќе присуствува на свечената седница на која треба да биде усвоен предлог Законот за Ратификацијата на Северноатланскиот договор.