Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана Ѓурѓај и јa врачи почесната награда „Илинден” на професорката Тодороска

nikola-gjurgjaj-katerina-todoroska-300x225.jpg

Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај се сретнал со Професор доктор Катерина Тодороска, научен советник во Институт за Национална Историја во Скопје и лично и ја врачил почесната награда „Илинден”.

Чест ми беше да се сретнам со професорката Тодоровска со која имавме срдечна средба. Ја врачив наградата „Илинден“ што годинава,по повод 11-есет годишнината од формирањето на друштвото и ја доделивме,изјави Ѓурѓај за Македонски весник Илинден. Додаде дека наградата и се доделува за нејзиното научно творештво поврзано со историјата и катадневниот живот на македонското национално малциство во Албанија.

Пријатно ме изненади веста за вашата Одлука да ми ја доделите годинешната награда „Илинден“ за особен придонес за македонското национално малцинствово Република Албанија. Со оглед на мојот професионален ангажман во кој е вклучено истражувањето на историјата, традицијата и културата на Македонците во Албанија, неизбежен беше и мојот напор за постојано следење на современите состојби во Албанија меѓу македонското малцинство.

Наградава предизвикува вистинско задоволство и среќа за секој кој несебично се вложил во истражување на корените и практикувањето на македонската традиција во Албанија. Искрено се заблагодарувам за укажаната чест, рекла Тодоровска. Наградата „Илинден”, е воведена минатата година по повод јубилејот 10 години постоење на друштвото а се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија.

Лани наградата им беше доделена на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и игуменот на Бигорскиот манастир,Архимандрит Партениј. Годинава наградата освен Тодоровска ја доби и Васил Стерјовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top