Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи и европски прашања на Словачка, Мирослав Лајчак денеска и утре е во посета на Скопје. Тој ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, заменик-премиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Предвидено е Лајчак да се сретне и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Лајчак и Димитров, како што соопшти МНР, ќе разговараат за актуелните предизвици во регионот на ОБСЕ, за процесот на пристапување на земјава во НАТО и Европската Унија, како и за динамиката и развојот на македонско- словачките билатерални односи.