Иако во текот на вчерашниот ден имаше информација дека за време на одржувањето на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ ќе зборува претседателот Стево Пендаровски, сепак, денеска од Владата потврдуваат дека станувало збор за грешка.
Тоа значи дека на 2 август свое обраќање ќе има премиерот Зоран Заев.
– Во текот на вчерашниот ден настана недоразбирање во однос на одржувањето на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“, односно преку медиумите беше известено дека претседателот државата Стево Пендаровски ќе присуствува на 2 август во Крушево – соопшти Владата.