Премиерот Заев и министерот Димитров остварија средба со дипломатите на САД Рикер и Палмер

-и-палмер.jpg

Премиерот Заев и МНР Димитров остварија средба со дипломатите на САД Рикер и Палмер: Датумот за старт на преговорите со ЕУ е од интерес и на САД.

Претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, во рамките на своите активности на маргините на 74-тото Генерално собрание на ОН во Њујорк остварија средба со високите претставници на Стејт Департментот на САД, помошникот на државниот секретар Филип Рикер и специјалниот претставник за Западен Балкан, Метју Палмер.

На средбата, премиерот Заев истакна дека  Македонија е целосно фокусирана во овој период на обезбедувањето на датумот за старт на преговорите со ЕУ во октомври, како и за напредокот во ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО, двете стратешки цели за државата за чие остварување Соединетите Американски Држави дадоа огромен придонес.

Овие цели за  Македонија произлегуваат и од Договорот за стратешко партнерство со САД, во кој евро-атлантските интеграции на земјата се приоритет за обезбедување на стабилноста и сигурноста на земјата, како и на регионот.

Низ разговорот беше отворена и темата за продлабочување на трговската и економската соработка на двете земји за кои, беше речено, постојат големи потенцијали.

Претставниците на Стејт Департментот на САД, помошникот на државниот секретар Филип Рикер и специјалниот претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, покажаа интерес и за актуелните политички случувања во нашата земја. Тие ја нагласија нивната, и поддршката на САД, во спроведувањето на реформите, особено во делот на правната држава, владеењето на правото и борбата против корупцијата, како прашања од важност за да се оствари очекуваната цел – датумот за старт на преговорите со ЕУ, што е од интерес и на САД.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top