Премиера на првиот македонски филмски мјузикл „Црно-Бело“

crno-belo.jpg

Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде премиерно прикажан првиот македонски краткометражен филмски мјузикл „Црно-бело“ во режија на Сандра Ѓоргиева.

Филмот ја следи приказната на Јована, млада жена вработена во туристичка агенција која ги исполнува барањата на сите со цел да биде прифатена и признаена. Но, и покрај својата посветеност и напорна работа, Јована е непочитувана и неценета од нејзините соработници и таа на тоа се спротиставува преку музиката и танцот. Нејзината борба за почит и признание штетно влијае и врз односот со нејзината ќерка.

Улогата на Јована ја глуми познатата актерка Јелена Јованова. Покрај Јованова во филмот глумат и Јордан Симонов, Жаклина Петровска, Жарко Димовски, Дејан Лилиќ, Миа Трпезановска, Анџелина Симонивиќ, Благојчо Стојанов, Наталија Теодосиева, Ангела Стојановска, Марко Илиќ, Дритон Вејсели, Стефан петровски, Ангелина Димитрова, Христијан Поп-Симонов, Васко Костовски, Кујтиме Ахмети, Дритон Незири, Никола Колев и децата од драмското студио на „5 плус фамилија“.

Филмот е дипломски труд на Ѓоргиева која е студент на Катедрата за филска и ТВ монтажа во класата на професор м-р Лазар Секуловски и доц. м-р Владимир Павловски. Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, копродукција „Мунлајт“ и со поддршка од Агенцијата за филм.

Сценариото, режијата и монатажа се на Ѓоргиева, додека директор на фотографија е Дарко Елек. Кореографијата е на Ирена Лозинска, композитор е Филип Стевановски, а музички текстописец Тамара Котевска. Тонската обработка е на Сашко Потер Мицевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top