Пред полноќ избрани новите министри

-министри.jpg

Со 65 гласа „за“ и 25 „против“  Собранието ги избра новите министри во Владата.

За нови министри се избрани Трајан Димковски за прв човек на земјоделство, Горан Милевски за министер за локална самоуправа, Хусни Исмаили за министер за култура, Насер Нуредини за министер за животна средина и Садула Дураки за новото министерство за политички систем, но веднаш по експозето почнаа препукувањата меѓу власта и опозицијата.

Позицијата министер за финансии останува празна, откако премиерот Зоран Заев вчера ја повлече кандидатурата, но ќе раководи со ресорот до избор на нов министер. По гласањето следуваше свечената изјава на новоименуваните министри.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top