Предлог – законот за отворање македонски КИЦ во Тирана помина на седница на албанската комисијата за надворешна политика

kic-vo-tirana.jpg

Предлог – законот за ратификација на Спогодбата потпшана меѓу владите на двете земји за отворање култрно – информативни центари во Скопје и Тирана денеска помина на парламентарната комисија за надворешна политика на Албанија. На седницата со која раководеше претседателката Мими Кодели, образложение околу потребата од ратификација на Спогодбата и значењето на центрите во двете држави поднесе пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, кој е член на комисијата.

Фокусот на договорот е развој и зајакнување на соработката во областа на културата, ширење на албанската култура и нејзино претставување во Македонија и обратно.Ова ќе се постигне преку формирање на културно – информативни центри во Тирана и во Скопје, кои ќе ја презентираат културата на соодветните земји преку организирање на настани, изложби, литературни предавања, промоција на медиумите и обезбедување на информативни услуги за заинтересирани граѓани од двете страни, рече меѓу другото Стерјовски. Посочи дека вие културно – информативни центри ќе придонесат за унапрдување на културна соработка меѓу двете земји и ќе дадат важен придонес за натамошно зајакнување на односите меѓу двете пријателски земји и добри соседи. Откако денес беше подржан Предлог – законот се очекува Спогодбата набрзо да се најде на дневен ред на албанскот законодавен дом за ратификација. За разлика од Албанија, Македонија го ратификуваше овој договор уште во мај и за директор на Центарот го назначи Златко Ориѓански, кон во септември лани реагираше на бавноста на албанскиот Парламент во ратификацијата на Спогодбата.

Албанската влада го донесе Предлог – законот за ратификација на Спогодбата на петти декември лани, по предлог на Министертвото за култура, по што беше доставен до Парламентот за ратификација. Ова следуваше откако прашањето околу сеуште нератификуваниот договор, од албанска страна, за отворање македонски културно-информативен центар во Тирана, на пленарна седница во албанскиот парламент го изнесе пратеникот Стерјовски,кој на двапати и писмено преку Парламенотот побара од владата да го достават Спогодбата за ратификација. И македонското друштво „Илинден“-Тирана, реагираше околу ова прашање и во име на Македонците во Албанија го искажа незадоволството поради нератифкацијата на договорот и ја повика Владата што побрзо да го достави до Собранието на Албанија за негова ратификација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top