Предлог-буџетот за 2020 година влегува на пленарна седница

sobranie-960x583.png

Во Собранието од денеска на пленарна седница почнува расправата по дополнетиот предлог-буџет за 2020 година кој ги содржи 12-те прифатени амандмани во текот на расправата во Комисијата за финансирање и буџет, а во фокусот се инвестиции во човечкиот капитал.

Приходната страна на буџетот е предвидена за 3,6 милијарди евра, а дефицитот е планирано да се намали од 2,5 на 2,3 проценти од БДП. Капиталните инвестиции за 2020 година изнесуваат 23 милјарди денари и е предвиден согласно досегашната реализација и капацитет на институциите.

За 2020 година предвидени е пораст на економијата од 3,8 проценти и е базиран на пораст на личната потрошувачка поради зголемување на минималната, просечната плата како и зголемување на пензиите.

Предлог-буџетот тежи 3,9 милијарди евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top