По 6-ти пат се одржува традиционална манифестација ,,Среќна Баба Марта,,

212f5de3459d5eb4f04fc0bc8ead2751_w790.jpg

,,Културните обичаи поврзани со прославувањето на 1 Март – Мартинки,, станаа дел од светското нематеријално културно наследство и се впишаа во Репрезентативната листа на УНЕСКО.

Со цел да се промовира нематеријалното културно наследство, ХАЕМУС во 2013 година го старуваше ,,Денот на Баба Марта,, проект за заедничките културните традиции на Балканот кој прерасна во традиционална манифестација којашто по 6-ти пат ќе се одржи во Скопје. Оваа година традиционалната манифестација ,,Среќна Баба Марта,,  се одржува од денеска до 3-ти март во ТЦ ,,Капитол,,. Василка Димитровска од ХАЕМУС го ојбаснува значењето на манифестацијата и на мартинките воопшто.

Изработката и поклонувањето мартинки на најблиските е традиција која во Република Македонија и на овој ден карактеристични црвени и бели мартинки се разменуваат или се подаруваат на најблиските, и се носат закачени на облеката или врзани од зглобот на раката. Постојат различни обичаи при традиционалното подарување на една мартинка.

Генерално, таа секогаш е со конци од црвена и бела боја меѓусебно испреплетени или исплетени, од кои црвената ја симболизира боја на крвта, а белата на чистотата. Се подарува на 1-ви Март во чест на Баба Марта и се носи околу рака или закачена на облеката се додека расцвета првото дрво или пак додека не се здогледа првата ластовичка или првиот штрк, а потоа се закачува на дрво со желби за сопственото и за добро здравје на своите блиски во тековната година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top