Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски, во понеделникот и вторникот престојуваше во работна посета на Република Србија. Државниот секретар Димовски за време на посетата се сретна и со претставници на Македонското национално малциство во Република Србија, на средбата беше претседателот на Националниот совет на Македонско национално малциство во Република Србија, Борче Величковски, како и со претставниците на политичките партии – Демократска партија на Македонците, Македонска партија на Србија и Партија на македонците во Србија.
Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Македонија се сретна со преставници на Македонско национално малциство во Србија
