Македонскиот јазик и македонско национално малцинство признаени во Романија

makedonski-jazik-vo-eu.jpg

Мекедонскиот јазик е еден од официјалните малцински јазици во земјите членки на ЕУ, поточно тој е признаен, исто како и македонското национално малцинство во Романија, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Во рамките на изложбата поставена во  Европскиот парламент, наспроти хемисиклот каде се оддржуваат пленарните сесии, поместена е мала изложба за мултијазичноста во земјите членки на Европската Унија. Така на паното посветена на Романија, меѓу јазиците кои се признати официјално како јазик на официјално признато национално малцинство кое живее на нејзината територија се наоѓа и македонскиот јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top