Македонскиот студент Виктор Ивановски ја освои престижната награда за анимиран филм во Лос Анџелес

anie-nagrada-300x300.jpg

Виктор Ивановски, студент по анимација на Sheridan College, Канада, е дел од екипата што работеше на анимираниот филм The Fox and The Pigeon, кој годинава ја освои престижната награда за најдобар студентски анимиран филм – Annie, на 47. издание на манифестацијата Annie awards во Лос Анџелес.

Македонскиот студент Виктор, заедно со уште десет студенти (Michelle Chua, Aileen Dewhurst, Sharon Gabriella, Sang Lee, Tyler Pacana, Kevin Sung, Morgan Thompson, Chelsea van Tol, Matt Waton and Steven Wang) од Sheridan College работеа на реализација на филмот, при што Виктор е корежисер, а воедно е композитор и интерпретатор на музиката за филмот.

Анимираниот филм The Fox and The Pigeon беше во трката за најдобар студентски филм во конкуренција од импозантен број анимирани филмови од целиот свет. The Fox and The Pigeon доби позитивни стручни критики од светските експерти за анимација, а за неговата вредност зборува и фактот што покрај тоа што беше прикажан и наградуван на повеќе интернационални фестивали, филмот доби и специјална награда на реномираниот Интернационален фестивал за анимација во Отава, Канада.

Виктор Ивановски е студент на четврта година на Sheridan College во Канада, кој важи за еден од најпрестижните факултети во светот на полето на анимација. Тој е и првиот Македонец што освоил ваква престижна награда за анимација. Како дипломец оваа година работи на својот завршен дипломски филм  Annie awards – најпрестижна награда за анимација.

Annie е најпрестижната награда за анимација, која се доделува еднаш годишно од 1972 година. Ја доделува ASIFA-Hollywood, подружница на Меѓународнaта асоцијација на анимирани филмови во Лос Анџелес.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top