Попис на населението во април 2020 година

1.jpg

Граѓаните кои живеат во Македонија, но и оние кои се иселени ќе бидат опфатени во пописот кој ќе се одржи од 1 до 21 април следната година. Во прашалникот за попис ќе има и графа за етничка и религиска припадност. За прв пат ќе се применува комбиниран метод. Попишување ќе има на терен, но ќе се користат и државни бази на податоци. Надлежните уверуваат дека на тој начин многу побрзо и поквалитетно ќе се прибираат податоците. Исто така, за прв пат прашалникот ќе биде во електронска форма.

-За попишување на лицата кои се наоѓаат надвор од Републиката ќе биде малку поспецифично. Ќе овозможиме месец дена пред попиусот и за времетраењето на пописот да се самопопишат на посебна веб апликација каде што ќе можеме лично да собереме податоци од овие лица. Исто така, со Законот е предвидено можност оние лица кои евентуално нема да се самопопишат, податоци да дадат лица кои најдобро ги познаваат. Со тоа што ќе мора да се обезбеди Единствен матичен број на лицето кое што се попишува, рече директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски.

Според Симовски, отрфлена е секоја можност за двојно попишување бидејќи тоа ќе се спроведува според матичниот број. Самиот прашалник ќе јавува грешка доколку се јават нелогичности и ќе мора да се пополни од почеток. Меѓутоа, откако ќе заврши рокот, можни се дополнителни контроли на терен.

Државата за оваа намена ќе потроши 8,5 милиони евра, дел оваа година за набавка на материјали, опрема и нивно инсталирање, дел следната година кога ќе се спроведува пописот

Според најавите на Симовски, ќе бидат ангажирани околу 6.000 луѓе, од кои 5.000 ќе бидат попишувачи, 500 реонски и 200 државни инструктори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top