Поддршка за евроатлантските интеграции на Македонија од шпанскиот премиер Санчез, Заев му посака среќа на изборите

zaev-sanchez.jpg

Првиот човек на владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, преку објава на Твитер се заблагодари на поддршката од Шпанија и нивниот премиер Педро Санчез за нашата земја.

– Силна поддршка од Шпанија за членство во НАТО и за нашата интеграција во ЕУ – напиша Заев на Твитер, заблагодарувајќи му се на Санчез и на шпански јазик.
Тој додаде дека со пријателот Санчез се радува на сојузништвото на С. Македонија и Шпанија во НАТО и ЕУ, како и дека му посакал успех на изборите кои се закажани за 11. ноември во неговата земја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top