Пијанечкиот фолклор претставен во Турција

folklor-640x360.png

Членовите на културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Делчево го претставија пијанечкиот фоклор на Интернационалниот фестивал за фолклорни танци „Туфаг” и Меѓународниот натпревар во фолклорни танци „Златен каранфил”, што се одржа во Јалова, Турција.

Како што информираше Зенил Реџепов, уметнички раководител на групата, на фестивалот учествувале фолклорни друштва од 17 земји меѓу кои од Мексико, Русија, Кипар, Македонија, Грузија, Црна Гора, БиХ, Србија, Кореа, Бугарија, Турција, Грција и други земји.
-Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“  од 1 до 8 јули во Јалова, Турција го презентираше македонскиот и пијанечкиот фолклор со шест претставувања. Во рамки на настанот организиравме вечер на традиционална македонска храна „Делчево некогаш и денес“, а учествувавме и на ревијата на народни носии, на која се претставивме со оргинална носија од Повардарие, информира Реџепов.
Од вкупно 17 држави, како што додава, делчевските играорци влегле во топ 5-те учесници во финалната вечер.
– Презадоволни сме од успехот кој го постигнаа младите момчиња и девојки. Уште посреќни и радосни бевме кога организаторот заедно со претставниците на Кореја не покани и во 2020 година повторно да бидеме гости на фестивалот „Туфаг”, додаде Реџепов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top