Печалбари од САД му подарија концертно пијано на Центарот за култура во Кичево

pijano.jpg

Печалбари кои живеат и работат во Америка, а по потекло се од Кичевско, на Центарот за култура во Кичево му подарија ново концертно пијано од марката „Каваи“. Пијаното деновиве ќе биде поставено на сцената од големата сала во Центарот за култура и ќе им стои на располагање на домашните уметници и на гостите од странство.

– Благодарение на група печалбари кои подолг период живеат и работат во САД, а по потекло се од кичевскиот регион, на Центарот за култура од нашиот град му подарија ново пијано од марката „Каваи“, од јапонско производство, со првокласен звук. Пијаното ќе биде поставено на сцената од големата сала и ќе им стои на располагање како на уметниците од градот, така и на гостите кои ќе настапуваат во нашиот Центар за култура. Очекуваме по стапките на овие печалбари да тргнат и други иселеници, и тие да му подарат некој вреден инструмент на храмот на културата, за да можат талентираните млади од градот да ја подигнат музичката култура во Кичево на едно повисоко ниво. Особено бидејќи добро е познато дека нашиот град изобилува со голем број музички таленти – рече Мазлам Османи, директор на Центарот за култура во Кичево. З.А.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top