Во месец јули “Господ постои, името ѝ е Петрунија” ќе биде прикажан на седум фестивали, а ќе започне и кино дистибуцијата на филмот во Кина.
„ПЕТРУНИЈА“ СО НАГРАДА ЗА НАЈДОБРО СЦЕНАРИО ВО КАЗАХСТАН

“Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска продолжува да го освојува светот. На штотуку завршениот 15 филмски фестивал Евроазија во Казахстан “Господ постои, името ѝ е Петрунија” ја освои наградата за најдобро сценарио за сценаристите на филмот Елма Татарагиќ и Теона Стругар Митевска. Во конкуренција со побединкот од Кан, кореанскиот “Паразит” и други врвни филмски остварувања, со уште едно признание “Петрунија” дефинитивно се наметнува како еден од најуспешните филмови оваа година.
Јулската турнеа на филмот започна со EURASIA INTL. FILM FESTIVAL, Kazakhstan, Nur-Sultan, потоа продолжува на филмскиот фестивал во Ереван каде исто така е во главната конкуренција GOLDEN APRICOT YEREVAN INTERNATIONAL FILM FESTIVAL.
Следната недела филмот ќе биди преставен пред Хрватската публика на двата најпрестижни фестивали во Хрватска Pula Film Festival, 13 – 21/07/2019, и MOTOVUN FILM FESTIVAL, Croatia, од 23-27 Јули.
Потоа Австралискиот дистибутер го носи филмот во Нов Зеланд на пред-премиерно прикажување на NEW ZEALAND INTERNATIONAL FILM FESTIVAL, 18 Jul–11 Aug.
Како подготовка за Кинеската дистибуција, Кинескиот дистибутер филмот како пред-премиера го прикажува на First International Film Festival, Xining, China, од 20-28 July.
“Петрунија” за половина година ја заобиколи планетата и веќе се здоби со шест награди и ќе биде дистрибуиран во над триесет и пет земји низ целиот свет. Во моментов сеуште се прикажува во киносалите низ Франција и Швајцарија веќе дванаесета недела, а веќе е прикажан и на триесетина фестивали.