Пендаровски се сретна со Карл-Хајнц Ламберц

.jpg

Реафирмирање на очекувањето дека Европскиот совет во октомври ќе одреди датум за почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската унија изрази денеска претседателот Стево Пендаровски на средбата со претседател на Европскиот комитет на регионите, Карл-Хајнц Ламберц.

Пендаровски напомена дека тоа ќе биде поттик за натамошно интензивирање на реформскиот процес, а во функција на севкупниот напредок на државата.

Претседателот изрази задоволство за посетата, која е поддршка на аспирациите на државата за членство во Европската унија.

Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на процесот на децентрализација и на соработката на локално ниво меѓу градовите и регионите, како важен предуслов за адресирање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, меѓу кои климатските промени, енергетската ефикасност, животната средина и безбедноста.

Претседателот Пендаровски оцени дека посетата на претседателот на Европскиот комитет на регионите на Северна Македонија претставува можност за натамошна соработка и пренесување на искуства, а во функција на подготовка на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија за идното членство на државата во ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top