Партијата на Македонците во Грција „Виножито“ ќе учествува на изборите за Европскиот парламент

vinozito-grcija-300x240.jpg

Партија на Македонците во Грција “Виножито” ќе учествува на изборите за Европскиот парламент, кои ќе се одржат на 26 мај. Европските избори во земјите-членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Велика Британија, изборите ќе се спроведат меѓу 23 и 26 мај.

Партијата на Македонците во Грција, која е дел од групата Слободна алијанса го помина филтерот на Врховниот суд и таа ќе биде една од 40. партии кои ги исполнија условите за европските избори.

Партискиот спектар е многу различен, од традиционалните десничари Нова демократија, левичарите како Сириза, но и фашистичката Златна зора, марксисти-ленинисти, Бела христијанска Европа се партиите кои го поминаа филтерот.

Партија на Македонците во Грција “Виножито” е 31 партија на списокот. Виножито и претходно учествувала на европски избори, но секогаш имала опструкции во кампањата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top