Папата со пораки за мир, љубов и обединување за верниците

papa-sk-38hsmno30jatq0n2iaeneo.jpg

Додека неговото име одекнува од устите на верниците, поглаварот на римокатоличката црква не успеа да ги избегне подадените раце долж кордонот. „Папамобилот“ возеше 500 метри и по најпознатата скопска улица „Македонија“ за да стаса на централната бината, уредена за светата Миса.

Неговите зборови се посилни од неговиот стисок. Љубов, мир и обединување. Ова се пораките кои неколуилјадната публика на Франциск дојде, ги слушна и ги понесе со себе по одржаната миса на градскиот плоштад.

САД, Австралија, Мароко, Конго, Украина, Хрватска, Албанија не се добројува листата на земји од каде пристигаа верници и поддржувачи на папата.

Со себе носеа знаменца и обележја, а освен државното на околните јарболи за прв пат се развеа и знамето на Ватикан.

Дел од нив го следат на неговите патувања, дел го виделе во своите земји, но повеќето и честитаа на државата за одлуката на папата да ја посети токму Македонија.

Пвите редови обележените столчиња беа резервирани за државници и гости од странство. Седеа и македонските политички лидери и владини функционери. Верниците стоеа, потпевнуваа и го скандираа името на папата.

Градскиот плоштад ги прибираше посетителите од раните утрински часови.

На 9-те контролни пултови се претересува ранците, се одземаа недозволени предмети.Освен силното обезбедување на земја, покривите ги чуваа обучени специјалци, преку своите двогледи, но тоа не ги попречи љубопитните граѓани да фрлат поглед од околните балкони.

Мисата заврши а присутните се разотидоа.

Папата Франциск си замина, но без да каже збогум од препознатливиот „папамобил“, продолжувајќи ја посетата без ниту едно задоцнување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top